Грција успешно ја заврши репатријацијата на своите граѓани од Израел и Палестина, врати и други странци

Странски државјани го напуштаат Израел/Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Завршена е репатријацијата на Грците од Израел и Палестина, пренесуваат грчките медиуми повикувајќи се на соопштение од грчкото МНР.

-Грчкото Министерство за надворешни работи, преку Амбасадата на Грција во Тел Авив и Генералниот конзулат во Ерусалим, веднаш се мобилизираше за безбедно враќање на грчките посетители и жителите од областа. Така, Грција беше вброена меѓу првите земји кои успешно ја завршија репатријацијата на граѓаните, стои во соопштението.

Поточно, во понеделник, на 9 октомври, се вратија првите 90 грчки туристи, додека во вторник, на 10 октомври, уште 68. Конечно, во четвртокот, на 12 октомври, се вратија 72 грчки жители на Израел, кои изразија желба да се вратат.

-Дополнително, преку горенаведените летови беше олеснето и враќањето на државјаните на европските и трети земји. Поточно, обезбедено е враќање на државјаните на Австрија, Германија и Израел, Албанија, Белгија, Северна Македонија, Бугарија, Германија, Ирска, Латвија, Украина и Панама, соопшти грчкото МНР.

Евакуација од Израел: Се бара начин да се извлечат двајца македонски граѓани од Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот