Грчки товарен брод нападнат во Црвеното Море

Брод плови кон Црвено Море додека ескалираат нападите од Хутите/ Фото: EPA-EFE/MOHAMED HOSSAM

Товарен транспортен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Маршалските Острови бил мета на напад со два проектила во Црвеното Море, без при тоа да биде повреден екипажот, објавија грчките медиуми.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, британска приватна компанија за поморска безбедност Амбри соопштила дека проектилите завршиле во морето, „екипажот е неповреден“, а бродот „се упатува кон пристаништето кое е негова следна станица“.

Нападот се случил додека транспортниот брод пловел во близина на Јемен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот