Грчки бизнисмен брутално убиен и запален во возилото, пред пет години му ја убиле и сопругата во Атина

Брутално убиен и запален грчки бизнисмен во Атина/Фото: protothema.gr

Убиството на грчкиот бизнисмен Христос Јалиас во средата вечерта во Мандра потсетува на мафијашка пресметка, бидејќи тој или оние кои ја извршиле неговата егзекуција се погрижиле, откако испукале најмалку 15 куршуми, да го запалат автомобилот на жртвата и да го фрлат калашников внатре во возилото, пишуваат грчките медиуми.

Според објавите, целта била да се избришат што е можно повеќе траги и да се уништат или изменат трагите кои може да доведат до сторителите на грозоморното убиство.

Убиството се случило на стотина метри од куќата на бизнисменот и се проценува дека сторителите ги следеле неговите движења и ја снимиле рутината на неговите движења.

Грчката полиција започна потера за пронаоѓање на сторителите кои побегнале со мотор. Возилото било пронајдено на улицата „Агиа Екатерини“ во Мандра и пожарникарите се обиделе да го изгаснат пожарот на местото на настанот.

Од увидот на грчката полиција до опожареното возило биле пронајдени 15 чаури, додека во него бил пронајден калашников, за кој се проценува дека е оружјето за убиство што сторителите го фрлиле по егзекуцијата. Полицијата добила информација за втор опожарен автомобил но кога пристигнала на местото утврдиле дека се работи за опожарен мотоцикл и се претпоставува дека со него сторителите побегнале од местото на злосторството.

Албанските медиуми утрово пишуваат дека бизнисменот убиен во Грција бил соработник на Албанецот Тими Дробоник алијас Тими Прифти (56) од Берат, егзекутиран со пиштол во Атина на 30 ноември 2023 година од страна на неидентификувани лица.

Наводно егзекутираниот бизнисмен го снабдувал Дробоник со цигари. Последниот има криминално досие во Грција за шверц на цигари и проблеми со дрога.

Има сомнежи дека двете убиства можеби се поврзани едно со друго. Освен тоа, егзекутираниот грчки бизнисмен, се испоставува дека вработил многу Албанци, дури и неговите стражари биле Албанци. Неговата сопруга, Албанка, била погубена пред неколку години, пишува Ора Њуз.

Според грчките медиуми жртвата била сопственик на компанија за трговија со месо со стотина вработени. Истовремено, тој беше сопственик и агент на три фудбалски тимови и тоа Трикала, Панелеусинијаку и Мандрекос.

Во 2018 година беше убиена и неговата поранешна сопруга, на скалите од нејзината куќа во Мандра. Христос Гиалиас, тогаш, од првиот момент бил на местото на убиството бидејќи, иако повторно се оженил, одржувал одлични односи со својата поранешна сопруга.

Забележано е дека според полицијата, мотив за убиството на жената биле разбојништвото и странските сторители кои верувале дека ќе има пари на неа: Направиле заседа пред нејзината куќа додека се враќала од казино. Во нејзината чанта, сепак, имало само еден часовник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот