Граѓаните донират електронски уреди за учениците од социјално загрозените семејства

Со донирањето на вакви уреди, на младите сограѓани ќе им се овозможи да следат онлајн настава.

Асоцијацијата на младински организации од Гостивар започна со кампањата за донирање на електронски апарати за ученици од социјално загрозени семејства.

Со донирањето на вакви уреди, на младите сограѓани ќе им се овозможи да следат онлајн настава.

Асоцијацијата на младински организации акцијата ја спроведува во соработка со локалната самоуправа од каде неодамна информираа дека во општина Гостивар околу 800 ученици се надвор од образовниот процес.

– Овој невидлив непријател ги погоди сите. Ги погоди образованието и образовниот процес. Иако поголемиот број на ученици имаат можност да ја следат наставата преку интернет, сепак има и такви кои заради социјалната положба се надвор од образовниот процес повеќе недели. Од тие причини ние апелираме до нашите сограѓани, компании и иселеници да ги донираат лап топите телефоните и таблетите кои не ги користат и на тој начин да станат дел од остварувањето ан сонот на учениците, рече Влора Демири од Асоцијација на младински организации.

Кампањата и активностите започнаа денеска и ќе трае до четврток. Уредите, може да се донесат во седиштето на општината, од 11 до 14 часот каде ќе се евидентира секој уред. До крајот на неделата ќе биде познато и кои семејства ќе добијат некој од апаратите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот