Градоначалникот на Монако и уште четири лица обвинети за корупција

Градоначалникот на Монако, Жорж Марсан, беше обвинет заедно со уште четири лица за корупција, соопштија денеска извори блиски до локалното обвинителство.

„Во рамки на судската истрага, пет лица, меѓу кои и градоначалникот, се осомничени, меѓу другото, за активна и пасивна корупција и тргување со влијание“,наведуваат судските избори, пренесува Бета-Франс прес.

Марсан бил сослушан кај истражен судија и е под судски надзор, наведуваат истите извори, додавајќи дека засега не можат да дадат попрецизни објаснувања бидејќи истрагата е во тек.

На почетокот на годината, Советот на Европа го повика Монако да ја подобри ефикасноста на надзорот на истрагите и кривичното гонење во контекст на перење пари и конфискација на приносите од криминал.
Монако, кој веќе е под притисок на Европската унија поради претходните скандали со перење пари, одговори дека „најдобро ќе ги почитува меѓународните стандарди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот