
Готово: Никола Јокиќ е прогласен за МВП во НБА лигата!
Никола Јокиќ е официјално најдобриот кошаркар на светот, откако беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.
Препорачано
Јокиќ беше избран за најкорисен играч во најсилната лига во светот по фантастичната сезона со Денвер Нагетс, и со тоа стана првиот Србин кој го добил ова големо признание.
Српскиот репрезентативец победи во конкуренција на Џоел Ембид и Стеф Кари.
Јокиќ беше единствениот од споменатите играчи кој ги одигра сите натпревари во регуларниот дел од сезоната и беше најзаслужен што Денвер заврши на третата позиција на табелата на Западната конференција.
From the Serbian League and the 41st pick, Jokic has become the lowest draft pick in NBA history to win MVP. https://t.co/OMLKDqih4e
— Shams Charania (@ShamsCharania) June 8, 2021
Тимот на Мајк Мелоун забележа 47 победи и 25 порази, а нивниот учинок и особено настапите на Јокиќ добиваат на важност бидејќи на крајот тој немаше помош од другата ѕвезда на тимот, Џамал Мари, кој сериозно го повреди коленото и ќе има долга пауза.
Момчето од Сомбор мина скоро 35 минути на теренот во текот на 72 натпревари и за тоа време имаше просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции, со одличен процент на шут.
The 2020-2021 NBA MVP, Nikola Jokic ?
First reported by The Athletic and confirmed to ESPN.
? 26.4 PPG
? 10.8 RPG
? 8.3 AST pic.twitter.com/SSNe5YBeEq— SportsCenter (@SportsCenter) June 8, 2021
Тој собори силни рекорди во однос на успешност на шутот, 16 пати запиша „трипл-дабл“, што го става на второто место зад неприкосновениот Расел Вестбрук (38) во натпреварувањето.
Признанието за најкорисен играч не само што ќе ги задоволи навивачите на Денвер, туку и оние на Србија, особено на селекторот Игор Кокошков, кој смета на Јокиќ за Олимписките игри во Токио.
Јокиќ стана најниско драфтуваниот МВП во историјата на НБА лигата. Никола беше 41. пик на драфтот во 2014 година. Тој стана првиот играч што бил МВП и ги играл сите натпревари во сезоната уште од 2008 година и Коби Брајант. Оваа сезона тој беше Топ 5 по поени, скокови и асистенции.
Интересен е податокот кој вели дека Србија го има и МВП на Евролигата за оваа сезона, тоа е Василије Мициќ. За прв пат во историјата, една земја го има најкорисниот играч во НБА и Евролигата.