Гори велешката Градска депонија за комунален смет

фото МИА

 Граѓани пред нешто повеќе од еден час телефонски  ја известиле Пожарната во Велес дека гори Градската депонија за комунален смет. Црн чад кој се шири го задагува воздухот и им  го отежнува дишењето на жителите од населбите близу депонијата, која веќе поодамна е заградена со метална жица.

Како што информираат за МИА,од ТППЕ Велес, на Градската депонија најпрво треба да интервенираат екипите на ЈКП „Дервен” и да го гасат огнот со затрупување песок со булдожер. Но, ако  огнот уште повеќе се разгоре, тие ќе мора на помош да ги повикаат пожарникарите од ТППЕ Велес.

Инаку, Градската депонија во Велес се пали скоро секое лето со што им го загадува воздухт  на жителите од околните населби.

Палењето е најчесто поради оставање стакло и пластика кои честопати се самозапалуваат поради високите температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот