ГОРИ ИНДОНЕЗИЈА: 6 мртви и 200 повредени на протести поради реизбор на претседателот (ФОТО, ВИДЕО)

Фото: EPA

Во Џакарта по изборите избија немири во кои шест луѓе го загубија животот а уште 200 се повредени.

Според извештаите, 50.000 припадници на силите за безбедност користеле солзавец и водени топови во борба против демонстрантите кои користеле камења, молотови коктели и други проектили кои ги фрлале насилните демонстранти, поради реизбор на актуелниот претседател Јоко Видодоа, кој освои 55 отсто од гласовите.

Фото: EPA

Неговиот против Прабово Субианто, поранешен командант на специјалните единици, одбил да го прифати изборниот резултат, тврдејќи дека е во прашање широко распространета изборна превада, но без никакви докази за таквите тврдења, пренесуваат светските медиуми.

Фото: EPA

Видодо наводно го победил Субианта со 17 милиони гласови разлика, што е околу 15 отсто од населението на оваа земја. Субианто ветил дека ќе ја оспори одлуката на Уставниот суд во Индонезија.

Фото: EPA

Властите веќе преземале строги мерки, откако уапсиле околу 30 потенцијални бомбаши самоубијци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот