unsplash
Гугл ги следи корисниците за таргетирано рекламирање / Фото: unsplash

„Google Maps“ ќе стане покорисна апликација: Се воведуваат еколошки рути

Компанијата „Google“ воведува бројни промени во апликацијата „Maps“ со цел да биде покорисна за корисниците во различни ситуации.

Тие ќе воведат алатка за навигација на проширена реалност, односно за некои затворени локации како трговски центри, аеродроми, транзитни станици и слично.

unsplash

Имено, на компанијата сега им се приоритет еколошки рути, се додаваат податоци за времето и квалитетот на воздухот. Апликацијата на своите корисници ќе им нуди рута што е најеколошка. Оваа опција ќе биде достапна од јуни во Германија, Франција, Шпанија, Холандија и Велика Британија, а потоа и во други земји низ светот.

За околу половина од рутите, можеме да најдеме пoеколошка опција со минимални или без временски трошоци“, изјави Расел Дикер, директор на производите на „Google“.

„Live View“ е опција која му овозможува на корисникот да ја види својата дестинација со насочување на камерата кон околината, по што апликацијата ќе ги прикажува навигациските инструкции.

За да го овозможи ова, „Google“ разви комплетно нова технологија која ќе користи вештачка интелигенција за скенирање на десетици милијарди фотографии од „Street View“ и нивно мапирање со слика на телефонот на корисникот.

Исто така, апликацијата ќе може да им помогне на корисниците да го најдат најблискиот лифт, скали, банкомат, тоалет, шалтери за пријавување, продажни места за билети и повеќе.

unsplash

Засега, преглед на затворен простор во живо е достапен во неколку трговски центри во САД лоцирани во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Сан Франциско, Сан Хозе, Сиетл и Лонг Ајленд.

Во следните месеци, би треабло апликацијата да се прошири на транзитни станици, трговски центри и аеродроми во Токио и Цирих, а потоа и на други локации низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот