Годината на војната во Украина силно се почувствува во земјите во развој

Украински тенкови / Фото: Profimedia

На 24 февруари, ќе се наполни една година откако руските тенкови влегоа во Украина како дел од целосната инвазија на Русија врз нејзиниот сосед. Иако Украина, неверојатно, опстана како суверена држава, таа сè уште е под постојан артилериски оган.

Меѓутоа, покрај илјадниците загинати цивили, милиони бегалци и големите штети на инфраструктурата во Украина, последиците од војната ги чувствуваат и далечните земји.

Како секундарна последица на руската инвазија, валутите на десетици земји паднаа во однос на американскиот долар во 2022 година, што ги зголеми трошоците за извозот.

Лук Верфај, сопственик на компанија за апарати за домаќинство во Кејп Таун, Јужна Африка, изјави за Ал Џезира дека „за да ги апсорбираат повисоките трошоци поради падот на вредноста на рандот, морале да ги намалат режиските трошоци, вклучувајќи ги и оние поврзани со персоналот“.

Пред војната, Русија и Украина беа меѓу главните светски снабдувачи со јачмен, пченка и сончоглед. Снабдувањето со овие и други основни прехранбени производи беше многу погодено од руската инвазија.

Двете земји учествуваа со речиси 30 отсто од глобалниот извоз на пченица во 2021 година. Но, благодарение на руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море, главната рута за испорака на жито, цените на пченицата се зголемија за 35 отсто во 2022 година во однос на една година претходно, достигнувајќи рекордно високо ниво во март.

Земјите како Тунис, Мароко и Египет – некои од најголемите увозници на пченица во светот – се тешко погодени. Околу две третини од населението во Египет добиваат по пет лебови, познати како еиш балади, секој ден, што ги чини само 0,50 долари, што е многу под пазарните трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот