Фото: Профимедиа

Го поттикнува слабеењето, го намалува холестеролот: Пробајте го овој магичен пијалак

Каранфилчето (Syzygium aromaticum) е тропско дрво од кое се добива зачинот со помош на сушење на цветните стапчиња.
Најчесто се користи како зачин, а во минатото бил најпознатата природна состојка за освежување на здивот. Меѓутоа, ефектот на каранфилчето е толку силен што имал широка примена како природен лек во многу култури, благодарение на неговиот богат состав.

Најважната состојка на каранфилчето е секако еугенолот, органско соединение со голем антивоспалителен потенцијал. Тука се и многубројните минерали: калциум, магнезиум, железо, бакар, фосфор, манган, селен, како и витамини Ц, Б6, Е, К, потоа фолна киселина, рибофлавин, ниацин…

Се користи како средство за третирање несоница и, воопшто, за подобрување на квалитетот на сонот, потоа за регулирање на шеќерот во крвта, ублажување на гадење, лекување воспаленија на усната шуплина и грлото, за забоболка… Познато е дека ова растение помага при нормална функција на црниот дроб, како и дека има аналгетски ефект.

Сепак, она што многу луѓе не го знаат е дека каранфилчето делува така што го намалува холестеролот и крвниот притисок и ја подобрува функцијата и флексибилноста на артериите, благодарение на што може да го продолжи животот.

Бидејќи каранфилчето ја стимулира работата на дигестивниот тракт, тоа го зајакнува имунитетот и го забрзува метаболизмот и циркулацијата, па е одлично природно средство за поттикнување на процесот на слабеење.
Постојат многу корисни рецепти со овој зачин, а еден од омилените е водата со додаток на каранфилче.

Вода со каранфилче

Состојки:

– 1,5 литри вода (во шише или филтрирана)
– 5 грама каранфилче

Подготовка:

Сипете го каранфилчето во стаклено шише со вода, а потоа затворете го. Оставете го на темно место, на собна температура, да отстои околу пет дена.

Потоа можете, но не мора, да го процедите и да пиете по 100 милилитри секое утро на празен стомак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!