Првото што го пиете наутро е кафе? Еве што се случува во организмот следните шест часа

кафе црн дроб
pexels

За да имаат повеќе енергија во текот на денот и да се разбудат што е можно побрзо, многу луѓе само што ќе се разбудат веднаш посегнуваат по кафе.

Покрај тоа што зголемува концентрација и дава сила за обврските во текот на денот, повеќето луѓе сакаат да го користат овој мал ритуал за да уживаат во мирисот на кафе, да се релаксираат и да размислуваат во тишина.

Одамна е познато дека дозата на кофеин што ја внесуваме со оваа навика го зголемува нивото на адреналин, а со тоа се зголемува и бројот на срцеви отчукувања и крвта побрзо тече низ телото.

Во исто време, спречува повторно да се апсорбира допамин во нашиот систем, па затоа останува подолго во мозокот.

Сепак, по одреден период, постои потреба за повеќе кофеин, а еве како се однесува телото во првите шест часа од утринската шолја кафе.

Во првите десет минути откако ќе го испиете утринското кафе, кофеинот влегува во крвотокот и почнува да се шири низ целото тело. Крвниот притисок се зголемува, а со него и ритамот на срцето. Вие почнувате полека да чувствувате енергија и да се „будите“.

По околу 20 минути, кофеинот веќе е поврзан со аденозинските рецепторите и со тоа знае да го прикрива уморот.

Како што се зголемуваат нивоата на допамин и се задржуваат во мозокот, така се зголемува концентрацијата!

За нешто помалку од еден час откако сме ја испиле првата доза на кофеин, надбубрежните жлезди почнуваат да произведуваат повеќе хормони.

Во тој процес, зениците во очите почнуваат да се шират, па така и видот станува поостар. Тогаш имате најмногу енергија, најдобра концентрација и имате позитивни чувства.

Веќе 10 минути после тоа, телото почнува да произведува повеќе серотонин, што ја подобрува работата на невроните во вашиот `рбетен мозок.  Со тоа се подобрува механиката на телото, имате повеќе координација и мускулна сила.

Цели четири часа по првото кафе, метаболизмот се забрзува и побрзо согорува енергија. Во овој период, вашето тело почнува да ги разградува наталожените масти.

Затоа е многу важно да поминат 6 часа пред повторно да посегнете по шолја кафе. Дозволете му на кафето да дејствува. Со испивање на 2 или 3 кафиња за краток период можете само да го шокирате организмот но не и да си помогнете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот