Глечер со големина од 450 квадратни километри се раздели и распадна на Антартикот

Научниците го очекувале тоа бидејќи веќе неколку месеци набљудувале две големи пукнатини на тој глечер. Глечерот што се разделил од ледениод брег се распаднал на ситни делови.

Глечер, со големина од околу 450 квадратни километри, се раздели и падна во западниот дел на Антарктикот.

Научниците го очекувале тоа бидејќи веќе неколку месеци набљудувале две големи пукнатини на тој глечер. Глечерот што се разделил од ледениод брег се распаднал на ситни делови.

Научниците велат дека ваквите појави стануваат сè почести. Пред да дојде до драстично затоплување на климата, ваквите појави се случувале еднаш на четири години, а сега се случуваат еднаш во годината.

Делови од Антарктикот се загреваат побрзо од остатокот на светот, а научниците од ОН сметаат дека топењето на мразот е првиот знак на неповратни климатски промени.

Островот Пајн, на кој се случил ова, е еден од големите глечери кои научниците ги проучуваат. Тие посочуваат дека сега набљудуваат глечер, двојно поголем од Њујорк, кој секој момент може да се одвои бидејќи и на него се забележани пукнатини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот