Фото: Профимедиа

Преубави и гламурозни на црвениот тепих: Што носеа познатите дами во Венеција (ФОТО)

Иако се претпоставуваше дека фестивалот нема да се одржи, и покрај сe, тој е во полн ек!

77-от филмски фестивал во Венеција се одржува секоја година од 2-ри до 12-ти септември.

Неговото значење за светот на филмот и уметноста генерално е важно, бидејќи станува збор за еден од најстарите филмски фестивали во светот (започнал да се одржува во далечната 1932 година како дел од познатото Биенале во Венеција), но првенствено е важен заради карактеристичната уметничка слобода на изразување која им е дадена на режисерите од целиот свет кои тука ја презентираат својата работа.

Меѓутоа, оваа 2020 година, значењето на фестивалот е исклучително големо, бидејќи ова е првиот голем филмски фестивал кој се одржи оваа година за време на глобалната пандемија предизвикана од вирусот Ковид19.

Присутните мора да се придржуваат до строгите правила кои вклучуваат безбедносни мерки, како што се задолжителни маски за лице во сите затворени простории, мерења на температурата и физичко растојание – со цел да се намали ризикот од ширење на вирусот.

Овој пат, иако црвениот тепих фукционира многу ажурно како и претходно (има големи sвезди, големи дизајнерски имиња кои донесоа и бројни фотографи за да го снимат сето тоа), црвениот тепих е забранет за јавноста.

Годинешното жири се состои од седум имиња составени од британски, француски, американски, германски и италијански режисери, автори и актери, и тоа: Вероника Франц, Џоана Хог, Никола Лагиоја, Кристијан Пецолд, Лудивин Сагниер и Мет Дилон, на чело со познатата австралиска актерка Кејт Бланшет.

Кејт Бланшет е лидер и кога е во прашање најдобриот стил на црвениот тепих, и навистина заслужува посебен третман на оваа тема, додека во чекор  ја следи шкотската дива Тилда Свинтон – која е годинешна добитничка на наградата за животно дело.

Понатаму, списокот е дополнет со имиња на европски актерки, не толку добро познати за нас, но и имиња на многу режисери.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот