Ѓоковиќ испишува историја: Полуфинале на „Вимблдон“ и го израмни рекордот на Федерер

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на грен слем турнирот „Вимблдон“ откако со резултат 3:1 во сетови го совлада Русинот Андреј Рубљов.

Рубљов беше подобар во првиот сет со 6:4, но вториот светски рекет направи целосен пресврт освојувајќи ги следните три сета со 6:1, 6:4 и 6:3.

По овој триумф најдобриот српски тенисер го израмни рекордот на Швајцареоцт Рожер Федерер по бројот на пласмани во грен слем полуфиналните мечеви.

Ѓоковиќ стигна до своето 46 грен слем полуфинале, колку што има и Федерер кој се пензионираше минатата година. На третото место на оваа листа се наоѓа Шпанецот Рафаел Надал кој има 38 грен слем полуфиналиња.

Српскиот ас на „УС Опен“ годинава има шанса да стигне до 47 грен слем полуфинале и да се искачи на врвот. Потсетување дека „УС Опен“ ќе се одржи од 28 август до 10 септември 2023 година.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето на „Вимблдон“ ќе биде Јаник Синер кој со 6:4, 3:6, 6:2 и 6:2 го елиминираше Роман Сафиулин.

ВИДЕО: Крај за Ига Швјонтек, Свитолина по вторпат во полуфиналето на „Вимблдон“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот