
Ѓоковиќ експресно, за еден час го елиминираше Боливиецот Делиен
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ успешно го започна патот кон олимписко злато, една од неговите ретки неостварени цели.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Денеска во првиот ден на Олимписките игри во Токио српскиот ас во првото коло го совлада Уго Делиен за еден час игра со резултат 2:0 во сетови 6:2 и 6:2.
Во 1/16 финалето Ѓоковиќ ќе ги одмери силите против Јан-Ленард Штруф од Германија кој на стартот со 6:3 и 6:4 беше подобар од Бразилецот Тијаго Монтеиро.
Вториот носител на турнирот, Данил Медведев од Русија ја оправда фаворитската улога против Александер Бублик од Казахстан со 6:4 и 7:6 (8).
Следен ривал на Медведев ќе биде Сумит Нагал, Индиецот со 2:1 триумфираше над Узбекистанецот Денис Истомин со 6:4, 6:7 (6) и 6:4.
За пласман во осминафиналето Милман ќе игра против Давидович Фокина, Басилашвили ќе се соочи со Сонего, Карацев против Шарди, а Умбер за ривал го има Кецмановиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
44мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5