Гинтсбург за руската вакцина против Ковид-19: Прво вакцинирање на нашата популација, па извоз

Фото: EPA-EFE/RDIF

Александар Гинтсбург, директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја” во Русија, изјави оти не е во план нивната вакцина за коронавирус да биде достапна за други земји, се додека руското население не се вакцинира, пренесува агенцијата Тасс.

-Колку што разбрав од разговорите со членовите на рускиот Фонд за директни инвестиции, што се занимава со ова прашање, извозот на вакцината не е планиран во наредните 12 месеци, се додека не се вакцинира нашата популација, рече Гинтсбург.

Тој, меѓутоа, кажа дека се водат преговори за обезбедување технологија за три до пет земји, кои сакаат да ја произведат вакцината.

Русија, на 11 август, стана првата земја што регистрира вакцина против коронавирусот, наречена „Спутник V”, а оваа вакцина е развиена токму од институтот „Гамалеја”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот