Гинеколог објасни што се случува со жените кои долго немаат секс: Ова ниедна дама нема да го признае бидејќи се срами

Фото: Andriy Popov / Panthermedia / Profimedia

Што се случува кога жената долго време нема да има интимни односи? Гинекологот Лиз Листер објаснува кои проблеми тогаш се застапени кај жените.

Гинекологот Лиз Листер открива што се случува со женското тело ако долго време нема интимни односи.

„Ова не е нешто што моите пациентки често го спомнуваат, веројатно затоа што им е срам, но тоа е еден голем проблем. Колку подолго време сте без интимни односи, толку интимните односи ќе ви бидат понепријатни!“

Тоа е така затоа што ткивото станува поопуштено и дотокот на крв во тоа подрачје се намалува, бидејќи телото нема никаква подготовка за полов однос. Тоа е како и вежбањето, станува попријатно кога ќе стекнете навика.

Тоа им се случува на жените на која било возраст од животот.

Но, не заборавајте дека сексот и оргазмот се поврзани и со посилен имунитет и поголемо здравје на срцето.

Доколку поминало извесно време од последното сексуално искуство, користете лубриканти. А, доколку сте сингл, најдете си „занимација“ и разни сексуални помагала.

Кога станува збор за контрацепцијата, Лиз Листер вели:

„Колку помалку се ‘мешате’ во работата на своите хормони, толку подобро. Многу жени се плашат од спирала, затоа што таа се користи кога имате над 40 години, но денешните спирали се многу поефикасни и посовремени од оние порано.

Анкета од 2013 година објавена во магазинот ‘Американски конгрес на акушери и гинеколози’ открила дека гинеколозите три пати почесто бираат спирала во однос на други облици на контрола на раѓање. Постои причина за тоа: не само што 99 отсто се поефикасни, туку можат да ги контролираат обилните менструални циклуси и менструални грчеви, па ги ослободуваат хормоните локално, а не системски, како што тоа го прават контрацептивните таблети, тврди д-р Лиз Листер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот