Гигант на Балканот: Само три клуба имаат повеќе играчи од Динамо во полуфиналето на СП

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Динамо Загреб веќе долги години наназад важи за вистински фудбалски гигант на овие простори и во овој момент изгледа дека ниту еден клуб од Балканот не е ниту блиску до она што го прави клубот на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Секоја година Динамо Загреб е дел од Лигата на шампионите или Лигата на Европа, продава фудбалери по цени кои другите балкански клубови можат да сонуват, а сега ни пристигнува уште еден доказ за големината на Динамо.

Имено, само три клуба во полуфиналето на Светското првенство имаат повеќе играчи од Динамо Загреб. Баерн Минхен има шест и Севиља и Атлетико по пет. Веднаш зад нив следи Динамо со четири играчи.

Сите четворица очекувано се дел од репрезентацијата на Хрватска, голманот Доминик Ливаковиќ, Мислав Оршиќ, Бруно Петковиќ и Јосип Шутало. Секако дека не е мала работа во оваа фаза да имате повеќе играчи од најголемите европски клубови, што е доказ за квалитетот на фудбалерите кои играат за Динамо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот