Германскиот претседател на 29 ноември во посета на Македонија

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер/ Фото EPA-EFE/Joerg Carstensen / POOL

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на 29 ноември доаѓа во дводневна посета на Северна Македонија, објави Дојче веле на македонски, повикувајќи се на соопштение од неговиот кабинет и германската амбасада во Скопје.

Франк-Валтер Штајмајер ќе биде третиот германски сојузен претседател кој доаѓа во посета на Македонија од нејзината независност досега. Пред него, во посета на земјава беа претседателите Роман Херцог и Хорст Келер. Како што соопштиле од неговиот кабинет и германската амбасада во Скопје, Штајнмајер доаѓа во Скопје на 29 ноември, а во рамките на дводневната посета ќе го посети и ветерниот парк во Богданци.

По Македонија, Штајнмајер ќе ја продолжи мини-балканската турнеја и со дводневна посета на Албанија.

Во фокусот на посетата на Штајнмајер ќе бидат состојбите во регионот, последиците од руската инвазија врз Украина и поддршката на Германија за ЕУ перспективите на двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот