Германски суд: Купувањето на обврзници од Европската централна банка е илегално

ЕЦБ треба да достави прифатливо образложение дека ваквата пракса е оправдана.

Германскиот Сојузен уставен суд одлучи дека купувањето на обврзница од Европската централна банка е илегално според германските закони, со исклучок само доколку банката докаже дека целта на програмата е оправдана.

Судот накратко го запре учеството на Германија во програмата преку „Бундесбанк“, одобрувајќи притоа рок од три месеци ЕЦБ да достави прифатливо образложение дека ваквата пракса е оправдана, пишува бриселски „Политико“.

ЕЦБ до сега има откупено обврзници од еврозоната во висина од две милијарди евра од почетокот на програмата во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот