Германски борбени авиони пресретнале руски авион над Балтичкото Море

Авиони/Фото: EPA/FRANCO LANNINO ANSA

Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море додека се приближувал до германскиот воздушен простор, јавија локалните медиуми.

– Руски шпионски авион во саботата беше идентификуван во меѓународниот воздушен простор во близина на германскиот остров Руген во Балтичкото Море, што предизвика тревога во германското воено воздухопловство, пишува весникот „Билд”.

Како резултат на тоа, два „Јурофајтерс” полетаа од воздухопловната база „Лаге” во североисточната покраина Мекленбург-Западна Померанија за да придружуваат руски авион подалеку од германскиот воздушен простор.

Инцидентот се случил по руското нарушување на шведскиот и данскиот воздушен простор, што наводно се случило во петокот.

– Рускиот авион АН-30 го нарушил шведскиот воздушен простор во петокот вечерта, соопшти шведското Министерство за одбрана.

Се додава дека авионот летал источно од Борнхолм, дански остров на Балтикот, пред да се упати кон шведска територија.

Потоа, Данска го повика рускиот амбасадор во Министерството за надворешни работи, потсетува Анадолија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот