Германска државјанка пронајдена почината во Кавадарци

По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, а телото на починатата било предадено на обдукција.

Во ОВР Кавадарци, синоќа од Итна  медицинска помош било  пријавено  дека  во  куќа во градот, сопственост на 75-годишник, била пронајдена почината 67- годишна германска државјанка, која повеќе години живеела со кавадарчанецот. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, а телото на починатата било предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот