Германија досега замрзнала имот на руски олигарси вреден 5,25 милијарди евра

Германија замрзнала имот на санкционирани руски олигарси вреден околу 5,25 милијарди евра од почетокот на руската инвазија врс Украина, соопшти германското Министерство за финансии.

Пред шест месеци таа бројка беше 4,28 милијарди евра.

Оваа информација Министерството ја соопшти како одговор на барањето на германскиот пратеник Кристијан Герке.

„Од декември замрзнат е имотот на олигарсите во вредност од само 200 милиони евра, а за половина година само милијарда“, рече Герке.

Според германскиот закон за санкции, тие кои подлежат на санкции од ЕУ мора веднаш да го пријават својот имот, бидејќи им се заканува парична казна или казна до една година затвор.

Досега осум олигарси го пријавиле својот имот вреден 577 милиони евра во Бундесбанката, покажуваат владините податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот