Германија ќе ја национализира филијалата на Газпром?

„Гаспром“
„Гаспром“ / Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Германската влада основаше холдинг компанија за да ја изврши евентуалната национализација на Газпром Германија, објави денеска германскиот весник Велт ам Зонтаг, цитирајќи владин документ.

Во април германскиот енергетски регулатор најави дека ќе управува со компанијата Газпром Германија (трговија, складирање и пренос) во интерес на Германија и Европа.

Новиот холдинг наречен Securing Energy for Europe Holding GmbH (SEEHG) е одговорен за инвестициите на компанијата, објави весникот, наведувајќи дека директорите се двајца адвокати од адвокатската фирма CMS Hasche Sigle, која одби да го коментира извештајот, повикувајќи се на обврските за доверливост.

Германското Министерство за економија соопшти дека е запознато со холдинг-компанијата и дека нејзиното основање е превентивен чекор за какви било мерки за реструктуирање.

„Тоа е мерка на претпазливост која во моментов постои само како обвивка на корпоративното право”, изјави портпаролот на Министерството за Велт ам Зонтаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот