Германија ќе дистрибуира уште 19 500 дози вакцина против мајмунски сипаници

Вакцинација против мајмунски сипаници / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Германската влада ќе дистрибуира следната недела 19 500 дози на вакцина против мајмунски сипаници низ целата земја, соопшти Министерството за здравство, бидејќи побарувачката продолжува да ја надминува понудата во жариштата, јави ДПА.

Околу 40 000 дози беа испратени во германските покраини во јуни и уште 5300 во јули. Федералната влада потпиша договори за вкупно 240 000 дози.

Министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека ширењето на болеста треба да се спречи со сите расположливи средства.

„Тоа вклучува добро следење на контактите, сеопфатно образование и вакцинација на луѓето особено изложени на ризик“, рече тој.

Свен Леман, владиниот комесар нагласи дека „подготвеноста за вакцинација, особено кај мажите кои имаат секс со мажи, е висока“.

„Но, особено во жариштата, побарувачката е многу поголема од понудата. Во некои градови, оние кои бараат вакцинација имаат потешкотии да закажат термини“, истакна тој.

Во Германија од мај се пријавени 3.405 случаи на мајмунски сипаници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот