Бундестаг/ Фото: МИА

Германија ја губи популарноста кај странските работници

Германија е само петнаесетта меѓу развиените земји по атрактивност за странски работници и претприемачи, покажува истражувањето, додавајќи дека подобро рангирани се земјите како Нов Зеланд и Шведска, пренесува Дојче веле.

Според резултатите од студијата, Германија ја губи популарноста во конкуренција за квалификувани работници и основачи на компании, а според проценката на фондацијата Бертелсман, заклучно со 2019 година паднала од 12-то на 15-то место меѓу 38-те земји-членки на Организацијата за Економска соработка и развој (ОЕЦД). Студијата ги оценуваше деловните можности на имигрантите, приходите и даноците, можностите за членови на семејството или добивање виза, а според овој индекс најатрактивни земји за висококвалификувани професионалци се Нов Зеланд, Шведска, Швајцарија, Австралија и Норвешка.

Од 2019 година и последната евалуација на податоците, условите во Германија не се влошени, но условите се подобрија во другите земји, така што ја надминаа Германија. За претприемачите, според овие податоци, на врвот на листата се Шведска, Швајцарија, Канада, Норвешка и Нов Зеланд. Во тој сегмент Германија падна од 6-то на 13-то место.

Ова се главните проблеми Како главен проблем се наведува бавната дигитализација. Германија, за разлика од другите земји, исто така бара поседување на минимален капитал. Покрај тоа, тоа е помалку прифаќање на мигранти. Во 2023 година за првпат беа испитани рамковните услови за основачи на компании (старт-ап) во рамките на индексот на ОЕЦД. Во овој сегмент најатрактивни се Канада, САД, Франција, Велика Британија и Ирска. Германија го зазеде 12-тото место во таа категорија. Причините за ваквата оценка авторите на студијата ги гледаат во помалата можност за напредување во кариерата, малиот број иноватори и немањето соодветни визи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот