Германија ги олеснува условите за државјанство

Странските државјани коишто живеат во Германија повеќе нема да се откажуваат од своите домицилни пасоши за да добијат германско државјанство, јавува ДПА. Голема промена во предложениот закон е тоа што странците ќе можат да аплицираат за германско државјанство по само пет години регулиран претстој во земјата.

Во коалицискиот договор, владата на социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц се согласи да воведе „современ закон за државјанство“ во 2021 година.

Други аспекти на реформата вклучуваат олеснување на барањата за германски јазик за одредени групи и укинување на тестот за државјанство за оние над 67 години.

Во моментов, странците мора да живеат во Германија до осум години пред да можат да аплицираат за државјанство.

Децата родени во Германија чии родители се странци ќе можат да имаат двојно државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот