Германците консумираат значително повеќе кокаин за време на пандемијата

Илустративна фотографија/Архива на Слободен печат

За време на пандемијата со ковид-19 во Германија значително е зголемена потрошувачката на кокаин, се наведува во денеска објавената студијата на јавниот сервис АРД.

Анализите на отпадните води во Берлин во мај, спроведени за АРД од страна на експерти од Берлинскиот водовод и Техничкиот универзитет во Дрезден, покажаа двојно поголемо количество супстанции кои настануваат при земање на кокаин во споредба со последното мерење во 2017 година.

Употребата на кокаин нагло се зголеми и во другите германски градови како Нирнберг и Ерфурт.

– Градовите кои порано бележеа мала потрошувачка сега се меѓу оние каде што потрошувачката на кокаин е во пораст, истакна проект менаџерот за урбана хидрологија на Техничкиот универзитет во Дрезден Бјерн Хелм.

Зголемената конзумација на кокаин ја потврдуваат и истражните органи во Берлин.

– Не само во Берлин, туку и во цела Германија бележиме зголемување на бројот на кривични дела поврзани со употреба и продажба на кокаин, посочи шефот на Одделот за борба против наркотици во Берлин, Олаф Шрем.

Според Шрам, „екстремното зголемување” на потрошувачката на кокаин е поврзано и со новата услуга за „онлајн испорака” на наркотици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот