Германците не купуваат мебел, машините на хрватските фабрики стојат во место

винтејџ мебел
Фото:: Profimedia

Поради падот на економијата во Германија, дури две третини од хрватските компании од дрвниот сектор очекуваат пад на прометот за повеќе од 60 отсто, а повеќе од половина од компаниите не знаат кога тој тренд ќе се промени. Инаку, индустријата за дрво и хартија е една од ретките што остварила трговски суфицит, а за тој сектор се врзани речиси 30.000 работници, кои сега не знаат што им носи иднината. Дрвната индустрија е на колена, финансиските залихи се помали, извозот е запрен и прашање е како да се преживее.

– Сега е таков момент што веќе не можеме сами, затоа е неопходна интервенција на владата, изјави на ХРТ Ивиќ Пашалиќ, претседател на Здружението на дрвно-преработувачка индустрија. За да се спречи губење на работни места, здруженијата предлагаат поддршка од Владата за скратување на работната недела од пет на четири дена, продолжување на исплатата на кредитите на банките, како и овозможување натамошно кредитирање за нови инвестиции. Доколку Владата не интервенира, ќе има драматични промени во дрвниот сектор каде многу компании ќе пропаднат, додаде тој, пренесува „СЕЕ.биз.еу“. Дрвната и хартиената индустрија годишно извезува стоки за речиси една милијарда евра, од кои дури 400 милиони евра се вишок и вработува речиси 30 илјади работници чија егзистенција сега е загрозена. Хрватскиот извоз на дрво би можел да падне за 40 проценти оваа година, што е една од највисоките стапки на пад досега и е директна последица на една од најтешките кризи во германската градежна индустрија, која се соочува со корекција на цената поради влошувањето на финансирањето, рече Хрвоје Стојиќ, главен економист на ХУП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот