„Геометриско чудо“: Откриен тунел кој можеби води до гробницата на Клеопатра

Profimedia
Фото: Profimedia

Археолози пронајдоа тунел под храм којшто датира од Древен Египет и веруваат дека тоа можеби водело и води до гробницата на Клеопатра Седма.

Египетското Министерство за туризам и антиквитети објави дека тунелот е долг 1.300 метри и се наоѓа на длабочина од 13 метри под градот Тапосирис Магна, недалеку од Александрија, основан во 4. век п.н.е. Се смета дека подоцна тука, владетелката и нејзиниот љубовник, римскиот војсководец и принкепс Марк Антониј, биле погребани по нивната смрт. Исто така, се наведува дека тунелот бил откриен 20 метри под храмот на Озирис, египетскиот бог на подземјето.

Тунелот го пронашол водечкиот археолог на доминиканско-египетската експедиција, Катчеен Мартинез, која повеќе од 15 години ја бара гробницата на Клеопатра во Тапосирис Магна. Таа и нејзините колеги веќе пронајдоа тајни премини и разни богатства во храмот, вклучително и збирка монети со името и ликот на Клеопатра.

Новооткриениот тунел што археолозите го оценија како „геометриско чудо“, е многу сличен на тунелот Евпалинос на островот Самос во Егејското Море.

Научниците сѐ уште расправаат дали Клеопатра навистина била сместена тука, па не е сигурно ни дали овој тунел навистина ќе помогне во наоѓањето на гробницата на последната кралица на Древен Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот