Генерално собрание на Американската стопанска комора

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам)  го одржа 20-тото по ред генерално собрание на кое избрани новите членови на одборот на директори.

Како што информираат новите членови се: Маја Филипчева  директор за даноци во Грант Тортон; Никола Љушев главен и извршен директор на Македонски Телеком, Ламбро Патче менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, Кока-Кола и Хајнекен, Иван Новаковски  директор на НОВА Интернационално училиште и Јордан Димитровски сопственик и генерален директор на Аитоникс.

На Собранието, кое се одржа вчера, учествуваа амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Нејзината Екселенција Кејт Мери Брнз, членовите на одборот на директори, повеќе од 70 компании-членки на комората, како и почитувани партнери и поддржувачи. Собранието, покрај својот работен дел, вклучуваше и одбележување на 20-годишнината од постоењето на АмЧам, а воедно и признание за значајните успеси во текот на изминатите години.

-Денес го славиме успехот на АмЧам. Оддаваме признание за вашата посветеност во поттикнувањето партнерство помеѓу нашите две земји. Свесни сме дека поради вас и вашите напори, бизнис релациите, како и поврзувањето на луѓето помеѓу РСМ и САД, денес се многу подлабоки, пошироки и поцврсти, рече во обраќањето американската амбасадорка.

Претседателот на АмЧам, Љупчо Георгиев, во неговиот говор зборуваше за постигнувањата на АмЧам, предизвиците со кои се соочи комората поради кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, како и трансформацијата на организациските процеси со цел полесно справување со можните ризици:

-Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 отвори врата за уште поголеми предизвици. Време во кое животот и бизнисот какви што ги познававме се претворија во една нова реалност – глобално, локално, без никакви исклучоци! Иако, сега можеби ни изгледа дека влијанието на пандемијата врз начинот на кој живееме и работиме е многу тешко и длабоко, сепак, сметам дека сега е моментот да размислуваме за раст и развој и како да бидеме посилни, подобри и приспособливи, истакна Георгиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот