Гејтс влезе во клубот на луѓе со богатство од 12 цифри

Bloomberg“ следи околу 2.800 милијардери низ целиот свет. Од нив, 145 имаат богатство во вредност од најмалку 10 милијарди долари. Но, сега постојат двајца милијардери во светот кои имаат богатство од 12 цифри.

Ко-основачот на „Microsoft Corp.“, Бил Гејтс, некогаш најбогатиот човек во светот, повторно го мина прагот од 100 милијарди долари, така што му се приклучи на Џеф Безос од „Amazon.com Inc“.

Богатството на Гејтс, сега е во износ од нешто над 100 милијарди долари, додека основачот на „Amazon“ сега има богатство од 145,6 милијарди долари, додавајќи само 20,7 милијарди долари во оваа година. И Гејтс заработил 9,5 милијарди долари од почетокот на годината.

Овие две богатства ја потенцираат експанзијата во САД, каде што оние со најголем капитал се побрзо го акумулираат богатството. Ова е исто така е глобален тренд. Францизинот Бернар Арно има богатство од 86,2 милијарди долари, што е еквивалентно на околу 3% од економијата на земјата. Нето богатството на Амансио Ортега претставуваат 5% од бруто-домашниот производ на земјата. Но, што е кажеме за Биџина Иванашвили, чие богатство изнесува една третина од БДП-то на Грузија.

Огромните средства на Гејтс и Безос можеби нема да траат долго. Гејтс донираше повеќе од 35 милијарди долари на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ и додаде дека има намера да донира најмалку половина од своето богатство. Во меѓувреме Безос можеби ќе отстапи дел од своето богатство од друга причина: тој и неговата сопруга Мекензи се разведуваат.

Индексот „Bloomberg Billionaires Index“ ги опфаќа 500-те најбогати луѓе во светот. Комбинираната нето вредност на групата се зголеми за 505,8 милијарди долари од почетокот на оваа година или на 5,300 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот