Газдите текстилци со нови барања: Да се продолжи работното време и да се укинат празниците или ќе штрајкуваат

Сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер бараат вработените во нивните фабрики да работат 8 и пол часа, така што да може паузата од половина час да им биде платена, објави „Фактор“.

Според писмо кое го испратиле до министерките за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Нина Ангеловска, но и до вицепремиерот Кочо Анѓушев, тие образложуваат дека сегашното работно време од осум часа односно од ефективни 7 и пол часа, затоа што работниците имале и платена пауза, ги правеле фабриките неконкуретни во однос на тие од регионот.

Меѓу барањата е и да се укинат празници за да нема дисконтинуитет во производството, односно работниците повеќе да работат.

Сопствениците на текстилните фабрики имаат и други барања, а најавуваат и штрајк, така што ќе го искажат своето незадволство од условите за водење бизнис во земјата.

Тие тврдат дека има ниска продуктивност и дека државата декларативно се заложува за раст на платите кој генерално паѓал на грбот на работодавачите.

Според последните податоци, во текстилната индустрија во земјава се вработени над 36.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот