Газа е „најопасното место“ за децата во светот, денеска повеќе од 60 Палестинци се убиени во напад врз кампот Џабалија

Шефицата на УНИЦЕФ, Кетрин Расел денеска го оквалификува опколениот Појас Газа како „најопасното место во светот за да се биде дете“.

Расел рече дека над 5.300 деца биле убиени во Газа од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Тоа претставува 40 отсто од смртните случаи.

„Ова е без“ преседан, нагласи таа.

Инаку израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ги продолжија воените операции во Појасот Газа пред почетокот на договорениот прекин на огнот.

Според официјалната палестинска новинска агенција Вафа, девет лица се убиени во нападите врз кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, а повеќе од 60 Палестинци биле убиени во одделен израелски напад врз кампот Џабалија на северот на Газа, јавува Би-Би-Си.

Евакуацијата на преостанатите пациенти од болницата Ал Шифа во Газа, со 14 амбулантни возила, почна денеска во координација со Обединетите Нации и меѓународната хуманитарна невладина организација „Лекари без граници“, соопшти палестинскиот Црвен крст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот