Тага, депресија
Фото: Pexels/RODNAE Productions

Гаслајтинг – што значи најчесто пребаруваниот збор за 2022 година?

Гаслајтинг е најчесто пребаруваниот збор во 2022 година, според Вебстеровиот речник. Го пребаруваа оние кои се преиспитуваа себеси, кои се чувствуваа психолошки или емоционално изманипулирани и кои не беа сигурни во своите одлуки, пишува РТС.

Имено, гаслајтинг е процес во кој некој се обидува да манипулира со нас, убедувајќи нè во спротивното од она што го чувствуваме или кажуваме.

Психијатарот проф. д-р Владимир Дилигенски вели дека со нас можат да манипулираат емотивните партнери, претпоставените на работа, односно сите личности од кои, на некој начин, зависиме.

Фото: Pexels/RODNAE Productions

За да можете сами да донесувате одлуки, за да не се сомневате во вашите мисли, треба да побарате помош.

„Понекогаш е е доволно да побарате помош од некој во кого имате доверба, како што е на пр. вашата најдобра пријателка, за да дојдете до момент на просветлување“, вели проф. д-р Дилигенски.

Проблемот со манипулацијата е што манипулираната личност понекогаш се чувствува заробена, бидејќи некој стои зад нејзините одлуки. Како пример за таква појава, д-р Дилигенски ги наведува мајките кои не им дозволуваат на нивните деца да се осамостојат.

Од каде потекнува овој збор?

Најблизок превод на англиската глаголска именка „gaslighting“ е фразата „правење некого луд“.

Оваа глаголска именка потекнува од филмот „Gaslight“ (1940) на британскиот режисер Торолд Дикинсон. Имено, се работи за психолошки трилер и е филмска адаптација на истоимената драма на Патрик Хамилтон, објавена во 1938 година.

Главниот лик создава посебна психолошка атмосфера во куќата со цел да ја убеди сопругата дека е луда. Визуелен симбол на неговата психолошка измама е слабата светлина на гасната ламба, типична за викторијанскиот период.

Во современиот англиски речник, овој збор значи свесна и злонамерна манипулација и инсистирање на таа манипулација, и покрај фактите кои одат во корист на вистината, сѐ со цел да се добие некоја лична корист.

Жртвата почнува да се сомнева во исправноста на сопствените мисли, перцепцијата на реалноста, сеќавањата и затоа се збунува, ја губи самодовербата, самопочитта, станува емоционално и ментално нестабилна и зависи од манипулаторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот