Гарсониерите во Центар достигнаа цена од 1.400 евра за квадратен метар

И покрај растот на цените на становите во Скопје, интересза нивно купување има, потврдуваат градежните компании и агенциите за недвижности.

Од агенцијата „Прима каза“ велат дека малите станови во центарот на Скопје, во полуксузните згради, се продаваат дури и по цена од 1.400 евра за квадратен метар.

-Веќе неколку месеци се чувствува заживувањето на пазрот на недвижности. Но, станови се купуваа и претходно, во периодот на кризата. Она што се забележа е намалувањето на закупите. Во однос на цените, поради интересот, но и поради мораториумот за градење во центарот на Скопје, забележлив е раст на цената на квадратниот метар. Во Општина Центар цените се од 1.100 евра за квадратен метар, па нагоре. Малите станови и гарсониерите во полуксузни згради се продаваат и по 1.350 евра, односно 1.400 евра за квадратен метар – вели Мила Радојевиќ, дректорка на агенцијата. 

Во градежните компании велат дека цените на квадратниот метар растат соодветно на растот на цените на градежните материјали, но дека се распродаваат сите станови и во огромни згради.

– Норамлно е што се зголемуваат цените, затоа што се зголемија цените и на материјалите за градење. Сепак, може да се забележи дека интересот за купување станови во Скопје и понатанатаму е голем. Она што може да се смета како специфично за последно време, е што сега многу помалку се купуваат станови во градење, односно почесто се купува готов стан за кој веднаш може да се добие имотен лист. Така, додека се градат становите не се продадени, но кога ќе дојдат при крај згардите, и тоа големи згради со по 7.000 – 8.000 квадратни метри површина, често има купувачи за сите станови  – вели Никола Велковски, член на Управниот одбор на Градежната комора.

Според Регистарот на Катастарот на недвижности, во Македонија, подолг период се евидентираат околу 6.000 станови што ги чекаат своите купувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот