Ганиу: Основното училиште „Исмаил Ќемали” со нов објект за 250 ученици

Висар Ганиу
Висар Ганиу / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Во присуство на претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, приватните донатори ‘Ефтинија Импекс’ и ‘Темпо профили’, наставници и родители на ученици, денес градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу го посети новиот анекс на училиштето ‘Исмаил Ќемали’ во Чаир.

Ганиу при тоа рече дека активностите кои што имаат врска со проширување на објективните капацитети за развој и напредок на училишното образование се посебен предизвик за сите градоначалници.

‘Обезбедувањето модерни и современи услови за едукација и образование е основно човеково право и цивилизиран стандард за да им се овозможи на новите генерации, вистинскиот интелектуален багаж и одредени вештини, тие да се подготвени во големиот глобален натпревар на науката и технологијата’, изјави Ганиу.

Го проширивме капацитетот, додаде Ганиу, на Основното училиште „Исмаил Ќемали” каде што изградивме вкупно 580м2 училишен простор, односно, два ката со по 290м2, вклучувајќи и тоалети. Ова проширување ќе му овозможи на ова училиште, кое е толку фреквентно, да дише послободно и да има подобра распределба на учениците во училниците.

Училниците се изградени со висок квалитет и во согласност со модерните стандарди за проектирање и градба.

‘Дозволете ми да им се заблагодарам за сиот овој придонес на компаниите: „Ефтинија импекс” и „Темпо профили” кои дадоа многу вреден и примерен придонес за секој граѓанин на Чаир’, рече апелирајќи до бизнис заедницата да го следат овој пример на општествена одговорност, и да покажат и подготвеност да инвестираат во јавни простори, образовни, во делот на животната средина и други области.

Градоначалникот на Чаир, и најсериозен кандидат за нов мандат информираше дека во тек е реализацијата на детската градинка во Тенеќе маало во вредност од 2 милиони евра, а во истата населба е предвидено да се изгради ново основно училиште во вредност од 3,5 милиони евра, проширување на капацитетот на неколку училишта, како и изградба на библиотека и читална во Сахаткула кај Иса Бег, во вредност од 850 илјади евра.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот