Фуџицу ќе ги обештети британските работници кои поради грешка останаа без работа, а некои завршија во затвор

Фуџицу / Фото EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

„Нашата компанија има морална должност да ги обештети жртвите од овој скандал“, изјави во вторникот шефот на европската филијала на Фуџицу, пренесува Си-Ен-Ен.

Помеѓу 1999 и 2015 година, голем број вработени во Британската пошта биле лажно обвинети за грабеж и измама откако грешките во системот Хоризонт на Фуџицу лажно покажале дека парите, честопати илјадници фунти, исчезнале од сметките на фирмата.

За кривични дела приведени се дури 700 работници. Некои биле и во затвор. А според членовите на семејствата, некои биле толку вознемирени што си го одзеле животот.

„Имавме некои грешки во системот и ѝ помогнавме на Британската пошта да ги процесира вработените“, рече Питер Патерсон, директор на Фуџицу Европа. „Навистина ни е жал поради тоа.

Над 2.700 сегашни и поранешни вработени добиле паричен надоместок од Владата, иако многумина тврдат дека тоа не е доволно. Многумина тврдат дека Фуџицу, компанија вредна речиси 29 милијарди долари која сè уште работи со британската влада, исто така треба директно да ги обесштети жртвите.

Јавната истрага започна во 2020 година за да открие кои поединци и организации се виновни за скандалот. Патерсон рече дека откако ќе заврши истрагата, тој ќе седне на маса со владата за да утврди колкава отштета треба да се плати. „Сè уште не можам да дадам бројка“, рече тој.

Владата го опиша ова како „еден од најголемите правни грешки во британската историја“. Приказната со години е тема на британските медиуми, а по емитувањето на емисијата во која се зборуваше за трагичната судбина на обвинетите на почетокот на месецот, се разгореа симпатиите и гневот во јавноста.

Жртвите на овој скандал за Си-Ен-Ен изјавија дека целата ситуација им предизвикала огромна емоционална и физичка болка, им ги уништила животите, ги загрозила семејните односи и ги довела во долготрајна финансиска криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот