
Фудбалерите за првпат ќе играат против Германија, останатите противници ни се добро познати
Фудбалската репрезентација на Македонија во досегашната историја има играно со сите репрезентации кои ни се паднаа во квалификациите за СП 2022 година, освен со фаворитот Германија.
Македонија од вториот барабан за противник ја доби Романија со која имаме играно пет пати и имаме скор од четири порази и една победа.
Препорачано
Четирите натпревари во квалификациите за СП 1998 и 2006 година ги загубивме со гол разлика 4:11, додека единствената победа (1:0) над Романија е издвојувана на пријателскиот натпревар кој се играше 2010 година.
Противник од третиот барабан ни е селекцијата на Исланд со која имаме позитивен скор од две победи и по едно реми и пораз, но последниот натпревар го игравме пред 11 години. За тоа колку опасен ривал може да биде Исланд, доказ е учеството на ЕП 2016 и СП 2018 година.
Првиот натпревар против Исланд го игравме 1996 година (1:1) во квалификациите за СП 1998, а последниот (2:0) во квалификациите за СП 2010.
Противникот од петтиот барабан ни е Ерменија со која имаме играно 10 натпревари, и кој ни беше противник во последното издание од Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ против Ерменија имаат скор од четири победи и порази и два нерешени резултати. Последниот натпревар, кој се играше на 18. ноември годинава заврши со триумф на Ерменија, а таа победи ги однесе во Б дивизијата од Лигата на нации.
Последниот ривал во групата Ј на Македонија е аутсајдерот Лихтенштајн со кој имаме одиграно девет натпревари и имаме скор од осум победи и едно реми. Токму против Лихтенштајн, фудбалската репрезентација на Македонија ја има остварено најубедливата победа во историјата, 1:11 во квалификациите за СП 1998 година кое се играше во Франција.
Македонија против четирикратниот светски шампион во квалификациите за Мундијалот во Катар