Фудбалерите до 21 година ремизираа без голови против Австрија

Фото: ФФМ

Фудбалерите на Македонија до 21 година на денешниот тест против Австрија одигран во Риед ремизираа без голови.

За разлика од претходниот дуел против Грузија во квалификациите за Европското првенство, избраниците на Драган Канатларовски во овој натпревар одиграа тактички поквалителтно. На крајот и покрај отворениот фудбал сепак не видовме погодоци.

На овој натпревар Македонија настапи во состав: Николовски, Абази, Ангелов, Деспотовски, Фетаи, Крстевски, Максимов, Николов, Стојчевски, Тодоровски и Златков.

Подоцна шанса добија: Рамани, Исаки, Митрев, Рамадани, Калкан, Станковски, Георгиевски и Трајков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот