Фросина Ременски се самокандидира за претседател на СДСМ

Фросина Ременски 2
Фросина Ременски / Фото: „Слободен печат“, Мариела Трајковска

„Согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предадов сите документи за самокандидарање за претседателка на партијата. Очекувам откако ќе бидат утврдени кандидатите за таа функција дека ќе почнат активностите за промоција и претставување на кандидатите за претседател на СДСМ“, изјави поранешната потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски.

Таа наведе дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки.

Ременски наведе дека има и симболика во нејзината кандидатура бидејќи ја поднесува во време на 16-дневниот женски активизам против насилството врз жените.

– Сакам и преку кандидатурата да бидам пример и да ги охрабрам сите жени кои се или не се на фунција да не се откажуваат од своите соништа и натаму да се борат без оглед на сè и ги охрабрувам социјалдемократките да ја поддржат мојата кандитура, изјави Ременски и додаде дека очекува СДСМ овој период да го искористи за вистинска консолидација на партијата и дека нека нејзината визија е победничка СДСМ.

На новинарско прашање дека веќе има фаворит за претседател на партијата и тоа заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски таа рече дека разбирливо е дека Ковачевски како член на Владата ја има поддршката, но не мисли дека оваа борба би била на спротивставени идеи туку борба на умови.

– Секој кандидат кој влегува во натпревар за претседател на партијата се надева на победа. Сметам дека ќе добијам поддршка и дека ќе постигнам солиден резултат, рече професорката Ременски.

Зиков: Не би се изненадил Ковачевски да биде единствен кандидат за лидер на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот