Зиков: Не би се изненадил Ковачевски да биде единствен кандидат за лидер на СДСМ

Љупчо Зиков
Љупчо Зиков / Утрински брифинг

Добро е да има конкуренција за претседател во СДСМ, но тешко на партијата со десет кандидати за претседател, бидејќи тоа може да биде несериозно, рече политичкиот аналитичар Љупчо Зиков во вечерашното гостување на телевизијата Канал 5.

Тој смета дека во СДСМ во изминатите три децении „како партија многу подемократски се кажуваат ставовите на членството“.

-Знаело да има и спротивставени ставови. Очекувам дека нема да има многу кандидатури. Не би се изненадил само ако остане кандидатурата на Ковачевски. Во однос на шпекулациите во јавноста, тројца кандидати имаше и во 2013 година, кога победи Заев на Конгресот на партијата, додава Зиков.

Според него, двајца или тројца кандидати би биле добри за демократијата во една партија.

-Тие кандидати се отсликување на политичката опција и доктрина што ги водел претседателот. Прашање е колку кандидатури ќе се појават до денот на изборите, смета Зиков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот