Франција и ги одби барањата за азил, вратени 110 албански државјани

Албанија се смета за безбедна земја поради што „шансите за добивање азил за албанските граѓани се еднакви на нула.

Албанската државна полиција информира дека продолжуваат операциите за реадмисија и доброволно враќање на албанските граѓани од земјите на ЕУ, откако им било одбиено барањето за азил.

„Во акцијата што е реализирана во соработка со Фронтекс и француската канцеларија за емиграција (O.F.I.I), со чартер лет од Франција, во земјата се вратени 110 албански државјани. Станува збор за лица за кои е донесена одлука да ја напуштат француската територија откако им е даден негативен одговор на нивното барање за азил”, наведува полицијата.

Државната полиција повторно упатува апел до сите албански државјани да ги почитуваат правилата за движење во Шенген зоната и да не вложуваат никакви напори и да се изложуваат на непотребни трошоци, бидејќи Албанија се смета за безбедна земја поради што „шансите за добивање азил за албанските граѓани се еднакви на нула”.

Од појавата на пандемијата ова е прва група албански државјани кои се депортираат. Во првите два месеца од годинава вратени се околу илјада,главно од Франција и Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот