Французите и Шпанците среде октомври уживаат на плажите

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Во делови од Франција и Шпанија на крајот на октомври се бележат невообичаено високи температури, а луѓето на плажите уживаат во топлата есен, бидејќи температурата на морето на француската ривиера е 21 степен Целзиусов.

„Оваа година е исклучителна. Обично заладува на крајот на октомври и обично врне многу дожд“, изјави жител на Франција за Ројтерс.

Високата температура на крајот на октомври може да биде знак за промена на временските шеми по летото во кое имаше екстремни горештини во Европа, со жестоки шумски пожари и суши, пишува Би-Би-Си.

Топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и траат подолго поради климатските промени. Светот веќе се загреа за околу 1,1 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не воведат остри намалувања на емисиите на стакленички гасови.

Ница во следните денови ја очекува највисоката дневна температура во овој период од околу 24 Целзиусови степени, а слична прогноза има и за Малага на југот на Шпанија. Во изминатите 10 дена Франција забележа температури од пет до шест степени над нормалата.

Франсоаз Вимекс, климатски научник од францускиот Национален истражувачки институт за одржлив развој, рече дека е многу веројатно дека пријатното време може да се припише на климатските промени.

„Времето е многу во согласност со проекциите, со она што може да го очекувате во потопла клима“, изјави научникот за француското јавно радио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот