Француз се тепал со двајца од Будинарци пред кафеана во Берово

Фото: МИА

Тепачка меѓу Француз и двајца жители на беровското село Будинарци се случила рано утрово пред кафеана во Берово, соопшти МВР.

„На 27.08.2022 околу 03.45 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Берово по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Т.Р. од Франција од една страна и Д.Т.(28) и Т.П.(33) двајцата од с.Будинарци. Според пријавеното, Т.Р. го удрил Т.П. со стаклен предмет“, пишува во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот