Францускиот парламент повика на „голем марш“ против антисемитизмот

Парламент Франција
Француските пратеници/ Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Претседателите на двата дома на францускиот Парламент денеска повикаа на „голем марш“ против антисемитизмот во недела во Париз, поради зголемената антиеврејска активност од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското екстремистичко движење Хамас во Појасот Газа.

„Марш за Републиката и против антисемитизмот“. Марш за француските човекови права и за обединета нација. Марш на граѓаните за осуда на носителите на омразата. Марш за ослободување на заложниците, меѓу кои има и осум наши сонародници“, напиша претседателката на Долниот дом на Парламентот, Јаел Брон-Пива, од партијата на претседателот, и нејзината колешка во Горниот дом – Сенатот, Жерар Ларче, член на опозициската десница.

Во текстот објавен во весникот „Фигаро“, двајца функционери изразуваат загриженост за „опасното ширење“ на антисемитските дејствија во Франција од почетокот на војната во Израел со масакрите извршени од палестинското исламистичко движење Хамас на 7 октомври.

Тие наведоа дека за четири недели во Франција се регистрирани повеќе од 1.000 вакви дела, што е двојно повеќе отколку во текот на целата 2022 година.

Франција ја има најголемата еврејска и арапско-муслиманска заедница во Европа и постојано ги почувствувала ефектите од израелско-палестинскиот конфликт во минатото.

„Се презема чекор за јасно да се покаже дека Франција не прифаќа антисемитизам и дека Французите не ја поднесуваат и никогаш нема да се помират со погубноста на омразата“, рекоа двајцата официјални лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот