Франција и Грција го потпишаа конечниот договор за набавка на три фрегати Белара и шест авиони Рафал

Авиони Рафал / Архива на СП

Во присуство на министрите за одбрана на Франција и Грција, вчера во Атина беа потпишани конечните договори за набавка на три модерни француски фрегати Белара, како и дополнителни шест воени авиони Рафал, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчка страна договорот за фрегатите го потпиша генералниот директор за одбранбена опрема и инвестиции од Министерството за одбрана на Грција, а од француска страна, претседателот и извршен директор на компанијата Навал.

Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос рече дека набавката „го истакнува стратешкиот карактер на грчко – француските односи и целосната поддршка на Франција за Грција пред предизвиците и заканите”.

Министерката за одбрана на Франција Флоранс Парли рече дека „Франција е горда што придонесува за зајакнување на грчката безбедност”, со трите фрегати и шесте дополнителни Рафал, покрај веќе нарачаните 18.

Додаде дека Грција е голем пријател и сојузник на Франција, а за тоа сведочи и нејзиното присуство на денешната воена парада во Атина по повод националниот празник.

Според грчките медиуми, првите две фрегати се очекува во 2025 година да пристигнат во Грција, а третата една година подоцна.

Набавката на три модерни француски фрегати е вклучена во Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, што во септември, во Париз, го потпишаа министрите за надворешни работи и одбрана на двете земји, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот