Франција го има второто најжешко лето по 2003 година

С Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Ова е второто најжешко лето по 2003 година, со „исклучителни” топлински врвови, покажуваат мерењата на Метео Франс. Во текот на ова метеоролошко лето, кое ги опфаќа месеците јуни, јули и август, во просек температурата изнесувала 22,67 степени, наспроти просечните 23,10 степени во летото 2003 година.

Деталното резиме на летните мерења Метео Франс ќе ги открие попладнево, но отаму веќе потврдија дека ова лето беше обележано со неколку температурни рекорди. Во Нант на 18 јули беа достигнати 42 степени, што е апсолутен рекорд.

Севкупно, во Франција беше топло насекаде, без исклучок, особено во Ла Манш и Бретања, каде температурите обично се пониски.

„Не само што често имавме екстремно топло време, туку и немаше вистински студени денови на национално ниво од почетокот на јули”, наведува Метео Франс.

Во Марсеј во моментов има 113 последователни денови со температура еднаква или поголема од 25 степени. Зголемување на температурата од редот на „4 до 5 степени” во однос на „нормалните” бележи и Медитеранот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот