Франција бара да се суспендира одлуката на Централна банка на Косово за готовинските трансакции со еврото

косово
Косово / Фото: Millenius / Alamy / Alamy / Profimedia

Франција е загрижена поради стапувањето во сила на одлуката на Централната банка во Приштина, која го одобрува еврото за готовински трансакции на територијата на Косово и бара итно суспендирање на оваа мерка, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

„Оваа одлука, донесена набрзина и некоординирано, ќе има последици врз секојдневниот живот на српската заедница во Косово, што во голема мера зависи од плаќањата во српски динари. Во отсуство на алтернативни решенија, Франција повикува на итна суспензија на оваа мерка за да се обезбеди соодветен преоден период“, се истакнува во соопштението на француското Министерство.

Франција, исто така апелира до властите во Приштина да изнајдат решение преку преговори во рамките на Дијалогот што го води Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот